Без струја селата Брест, Малино и Танушевци

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат во периодот од 9:15 до 14 часот корисниците од селата Брест, Малино и Танушевци (општина Чучер-Сандево).

На 24.09.2018 година (понеделник), поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат од 9 до 12 часот корисниците од објектите и трафиките во близина на трговскиот центар „Алуминка“ и објектите во близина на маркетот „Тинекс“ на ул. Никола Русински (општина Карпош).

Во периодот од 7:45 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од Музеј Матка, ресторан „Кањон Матка“, селата Глумово, Шишево, Горна и Долна Матка и фирмите „Адриус“, „Бис Оил“ и „Виа Комерц“ (општина Сарај), во периодот од 8 до 17 часот корисниците од селата и населените места Љубанци, Бродец, Танушевци, Малино, Брест, караула „Рамно“, Бањани, Горњани, Чучер-Сандево, Глуво, Мирковци, Кучевиште, Побожје, викендички Побожје, Бразда, Чардак, Голиево и Горно Оризари (општина Чучер-Сандево).

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари