Без струја ќе останат повеќе села во општина Чучер Сандево

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат во периодот од 9 до 13.30 часот корисниците од село Бродец, „ЈСП репетитори Бродец“, манастир „Света Богородица“, дел од село Љубанци, Танушевци, Брест, Малино Маало, дел од село Мирковци, Кучевиште, Побожје, како и викендичките во Побожје во општина Чучер Сандево.

Во периодот од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од село Бадар во општина Петровец, од 8.30 до 15 часот корисниците од улиците Караорман, Ганчо Хаџипанзов, Капештец и Димитар Пандилов во општина Центар, од 9 до 12 часот корисниците од дел од улицата Божин Николов во општина Аеродром, од 12.30 до 15 часот корисниците од дел од улицата Лесновска во општина Карпош, а од 9 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од дел од улицата Иван Хаџиниколов бр. 5 во општина Кисела Вода.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари