Без струја делови од Илинден, Гази Баба, Студеничани и од Чаир

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денешниот ден поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Гази Баба, а в понеделник ќе нема струја во делови од општините Студеничани и Чаир.

Во текот на денешниот ден, информираат од ЕВН, во период од 7.30 до 10.30 часот, корисниците од објектите во околината на мотелот „Белви“ во општина Илинден ќе останат без електрична енергија.

Струја ќе нема ниту кај дел од корисниците од селото Јурумлери во општина Гази Баба, а во истиот период од денот струја ќе немаат ниту корисниците на дел од населбата Илинден во општина Илинден.

В понеделник, пак, во периодот од 9 до 12 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Студеничани во општина Студеничани.

Корисниците од зградата бр. 9 на улицата Методија Митевски во општина Чаир, пак, в понеделник ќе бидат без струја во периодот од 9 до 13 часот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари