Без струја делови на Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров и на Аеродром

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека за денеска се планирани исклучувања во електросистемот во Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров и во Аеродром.

Во периодот од 8.30 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Студеничани во околината на „Бурдем пластик“ и спроти бензинската на влезот од селото Студеничани.

Во периодот од 8.30 до 11.30 часот дел од корисниците од Злокуќани, дел од улицата Скупи, како и дел од подулиците 12, 14, 20 и 22 во општина Карпош, а од 10.30 до 15 часот струја ќе немаат дел од корисниците од село Кучково во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата Миле Поп Јорданов бр. 72 во општина Карпош, во периодот од 9.30 до 12 часот дел од корисниците од улицата Букурешка во општина Карпош, а во периодот од 9.30 до 10.30 часот дел од корисниците од местото наречено Барутница и зад црквата во општина Аеродром.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари