logo
logo
logo

Грижа за ранливите категории: Бесплатен превоз до лекар за постари и граѓани со попреченост од Кисела Вода

Vecer | 24.03.2023

Грижа за ранливите категории: Бесплатен превоз до лекар за постари и граѓани со попреченост од Кисела Вода

Повозрасните лица, лицата со попреченост или со потреба од придружник за користење здравствена, социјална или друга административна услуга кои живеат во општина Кисела Вода, ќе добијат бесплатен превоз до потребната институција. Ова го содржи договорот потпишан од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

Со повикување еден телефонски број, тие можат да добијат бесплатен превоз до потребната институција за користење здравствена, социјална или друга административна услуга. Транспортот се врши во работни денови од понеделник до петок од 8 до 16 часот и се закажува 24 часа однапред. Притоа, Општина Кисела Вода ги обезбеди финансиските средства за услугата, а Црвениот крст на користење ги става своите возила и човечките ресурси – рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Луѓето што имаат потреба од превоз, може да се јават на телефонскиот број 02/15330, во Контакт центарот на Црвениот крст, секој ден во текот на 24 часа, за да го закажат својот термин за превоз до одредена институција, по принципот на временски редослед на закажување. Со остварување еден телефонски повик, може да се закаже превоз за еден корисник, до една конкретна дестинација, и назад. Термин за превоз се закажува минимум 24 часа однапред, по принципот „прв дојден – прв услужен“. Едно лице има право на бесплатен превоз во еден правец максимум 4 пати во текот на една година.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk