Потпретседателот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи преку објава на Фејсбук објави дека Движењето Беса е подготвено за ново парламентарно мнозинство, пренесува ин7.

Тој вели дека Беса и Алијанса за Албанците веќе се поддржуваат на локалните избори, останува Алтернатива да ја поддржи Беса во вториот круг и да се потврди промената на локално ниво, а час поскоро и нова влада без ДУИ.

Во продолжение неговата објава

После првиот круг:

Потпретседателот на АА изјави дека ќе ги поддржат кандидатите на Беса, но дека треба за атер треба прво Беса да побара поддршка.

Портпаролот на Алтернатива рече дека не го го поддржуваат кандидатот на Беса во Тетово.

Генералниот секретар на Беса и АА пиеја имаа средба.

Претседателот на ДПА рече дека Теута се чуди зошто се против неа во Тетово, иако таа не заслужува ниту еден глас и дека ДПА е секогаш во опоненција со ДУИ.

Вчера:

Претседателот на ДПА рече дека постои договор за поддршка на ДУИ.

Денес:

Генералниот секретар на Движењето Беса ги покани членовите да ги поддржат кандидатите на АА и апелираше и тие да го сторат истото и да ги поддржат кандидатите на Беса.

Генералниот секретар на АА ја поздрави поддршката од Беса и ги повика поддржувачите на АА да ги поддржат кандидатите на Беса во Тетово и Желино.

Сега останува само Алтернатива да се изјасни за поддршка на кандидатите на Беса и Беса да ги поддржи нив.

На овој начин ќе се докаже дека сакаме да ја направиме промената во албанскиот блок почнувајќи од локалната власт.

Што се однесува до новото парламентарно мнозинство без ДУИ што го спомена Арбен Таравари, тоа треба да биде ден поскоро, напиша во својот пост Кастриот Реџепи.