logo
logo
logo

Бени Шаќири по изјавата на Заев дека се „другари“: За Шилегов не гласам

Vecer | 22.10.2021

Бени Шаќири по изјавата на Заев дека се „другари“: За Шилегов не гласам

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Бени Шакири нема коментар за вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев во која го нарече негов другар и оти е убеден дека нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ.

Шакири во изјава за „Република“ вели дека нема коментар на зборовите на Заев и оти знае сигурно дека нема да гласа за Шилегов.

„Немам коментар за изјавата на Заев и на тоа што го рекол и што мисли со тоа. Јас точно знам што реков по изборите и останувам на ставот дека знам за кого нема да гласам, а тоа е Шилегов.

Јас сум возрасен човек со изграден став врз основа на неговото четиригодишно работење и како би го сменил за еден ден, вели Шакири за „Република“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk