logo
logo
logo

Беќаровски предупреди: НОВИОТ ПИК се очекува од 7 до 10 април!

Vecer | 25.03.2021

Беќаровски предупреди: НОВИОТ ПИК се очекува од 7 до 10 април!

И ова лето нема да има одење на годишен одмор, изјави токсикологот д-р Нико Беќаровски во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24. Според д-р Беќаровски, новиот пик се очекува од 7 до 10 април.

- Сега кога тестираме, се чудиме кога ќе добиеме негативен резултат. Порано бевме уплашени кога ќе добивме позитивен резултат, а сега сме изненадени ако тестот е негативен, па велиме да не е грешка, нека се повтори тестот за два-три дена, вели д-р Беќаровски.

Според него, брзите тестови е добро што се прават, но пациентите не треба да форсираат веднаш да ги прават, ако биле во контакт со заразено лице.

- Брзиот тест е релевантен ако се појават симптоми. Не треба да се тестира некој ведаш ако бил во контакт со заразен, треба да се почека три до пет дена за се развијат симптоми и тогаш да се тестира, зошто ќе добие лажно негативен тест,изјави д-р Беќаровски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk