ЛИ2017:

Бејта: Земјиштето за депонијата Русино е безбедено

Градоначалникот на општина Гостивар, воедно и кандидат за третиот мандат на ДУИ за оваа општина, Невзат Бејта, на предизборната дебата на локалната телевизија „Арта чанел" зборуваше за решението на проблемот со депонијата Русино, што, како што рече, ќе чини од 30 до 100 милиони евра.

- Ќе побараме од Министерството за екологија и Владата, во рок од една година да се реши проблемот со депонијата Русино. Со донесување на закон, ние ќе превземаме ингеренции врз оваа депонија. Штом ќе се донесе законот, за една година депонијата Русино ќе се реши и сето оваа ќе чини 30 до 100 милиони евра, рече Бејта.

Тој истакна дека и покрај тоа што ДУИ до денес беше на власт, ова решение било попречено од страна на ВМРО-ДПМНЕ. - Со новата Влада ветуваме дека ќе го решиме проблемот засекогаш. Земјиштето е обезбедено, останало само да се реализира проектот, додаде Бејта.

Поврзани

Најнови вести

Коментари