Бејта: Надвор од државата сум, фала многу пријатно

Поранешниот градоначалник на Гостивар и висок функционер на ДУИ Невзат Бејта, чие име се посочува во случајот „Монструм", одбива да ги коментира наводите на родителите на убиените момчиња кај Смиљковско Езеро за вмешаност во убиствата.

„Надвор од државава сум, пријатно", рекол за „Независен".

Денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд беше одложено поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири. Зорица и Горан Наќевски, мајка и татко на убиениот Александар, во името на сите родители изјавија дека премиерот Зоран Заев им покажал транскрипти од разговори меѓу Бејта и Азири, но сега не сака да им ги даде поради коалициските односи во Владата. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари