logo
logo
logo

ЕДЕН ЗАГИНАТ, ПЕТ ПОВРЕДЕНИ Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

Vecer | 08.10.2025

ЕДЕН ЗАГИНАТ, ПЕТ ПОВРЕДЕНИ Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

Маж од Љуботен на возраст од 33 години вчера загина а уште петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 9 часот на експресниот пат Штип-Кочани.

„На 07.10.2025 година во 9.18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на селото Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од село Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани“, соопшти полицијата.

Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и Б.Д.(33) од Љуботен, скопско, Д.З.(36) од Трубарево и И.М.(21) од  Трубарево. Сите биле сопатници во возилото „рено“.

„По укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, а останатите се пренесени  во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал. Кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди, а кај останатите се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид изврши екипа од СВР Штип-ОВР Кочани“, соопшти полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk