Бајруш Сејдиу ослободен од затвор

Бајруш Сејдиу нема да се врати во затвор. Кривичниот совет на Скопскиот суд му ја прифатил молбата за условен отпуст од 11 месеци, потврдија од Судот за Алфа.
Сејдиу беше осуден на вкупно 15 години затвор за злосторничко здружување, стечајни неправилности, фалсификат. Против него беа изречени две пресуди една од дванаесет и една од пет и пол години затвор, односно на единствена затворска казна од 15 години. Со законот за амнестија што го донесе оваа власт затворската казна на Сејдиу му беше намалена за 30%, односно за околу четири и пол години.

Поврзани

Најнови вести

Коментари