logo
logo
logo

БАЈАЧКА и ЛАЖЕН ЛЕКАР измамиле граѓани во Дебар и Охрид

Vecer | 27.07.2021

БАЈАЧКА и ЛАЖЕН ЛЕКАР измамиле граѓани во Дебар и Охрид

Лажна бајачка од Прилеп и лажен лекар од Охрид измамиле две лица и ги „олесниле“ за ќеш и златен накит.

Имено, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Тој, со намера да прибави противправна имотна корист, на 27.06.2021 довел во заблуда повозрасен жител на Охрид, на кого, во телефонски разговор, лажно претставувајќи се дека е лекар што го лекувал, му кажал дека треба да му помогне на неговиот внук и притоа, побарал и добил 40.000 денари.

ОВР Дебар, пак, поднесе кривична пријава против А.Р.(37) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Таа, со намера да прибави противправна корист, на 18.07.2021 свесно довела во заблуда жителка на Дебар на која, претставувајќи се како бајачка, ѝ побарала златен накит и не го вратила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk