Бачев: МВР ме обвинува за загрозување на сигурноста на осумината пратениците, а ним и по еден месец не им фали ништо

МВР вчера спроведе полициско гонење врз мене поради соопштение на партијата Единствена Македонија од 2 октомри во кое алармираме за поткуп на пратеници во висина од 2 милиони евра по пратеник и дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кок ќе гласа за промените на Уставот нема да стигне до државната граница при обидот за бегство од државата, вели Јанко Бачев, претседателот на Единствена Македонија за причините на вчерашното приведување.

„Ова за МВР значело дека Единствена Македонија ќе ги убива одметнатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со што била загрозена нивната сигурност. Помина еден месец, а на 8-те пратеници не им фали ништо, дури Елизабета Канческа-Милевска доби унапредување во координатор на пратеничка група и секоја вечер како манекенките на модни писти се шета од телевизија во телевизија да не убедува дека бришењето на се што е македонско е за наше добро. Значи тоа што се зборува на прес-конференции и се пишува во соопштенија се казнува“, изјави Бачев.

Од друга страна, вели Бачев на Заев му е полна устата со демократија и владеење на правото. Кажаното од Заев нема смисла бидејќи во реалноста не се почитува судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбург како најавторитетна институција.

Ова е удар врз слободата на говорот и за да сеат страв и перат мозок со измислица наречени говор на омраза, можат да не следат, прислушкуваат, но нема да дозволиме да ни го скршат духот, додаде Бачев.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари