logo
logo
logo

Го цениме цврстото партнерство со Македонија

Vecer | 08.09.2025

Го цениме цврстото партнерство со Македонија

Амбасадата на Соединетите Американски Држави преку објава на Фејсбук упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на државава.

– Честит ден на независноста! Urime Dita e Pavarësise! Оваа година е особено значајна бидејќи одбележуваме и 30 години дипломатски односи меѓу нашите земји. Во текот на три децении, изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието, културата и друго, се посочува во честитката од Амбасадата на САД.

Од Амбасадата упатуваат и на честитката од државниот секретар на САД, Марко Рубио, во која се посочува дека САД остануваат посветени на продлабочување на соработката за зајакнување на колективната безбедност и промовирање на просперитетот.

– Во име на Соединетите Американски Држави, им упатувам честитки на народот на Македонија додека ја прославувате 34-годишнината од вашата независност и 30-годишнината од дипломатските односи меѓу нашите две нации. Соединетите Американски Држави го ценат цврстото партнерство на Северна Македонија во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност. Како сојузник на НАТО посветен на одбраната на мирот и слободата, вашето ветување за зголемени трошоци за одбрана на самитот на НАТО ова лето, ја нагласува посветеноста на Северна Македонија на нашите заеднички безбедносни цели. Додека ја одбележуваме оваа пресвртница во нашите односи, Соединетите Американски Држави остануваат посветени на продлабочување на нашата соработка за зајакнување на колективната безбедност, борба против транснационалните закани и промовирање на просперитет што создава работни места, се нагласува во честитката на државниот американски секретар Рубио.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk