logo
logo
logo

Автобусите КУБУРАТ со патници!

Vecer | 22.02.2021

Автобусите КУБУРАТ со патници!

Во патничкиот патен превоз во последниот квартал лани имало 10 005 000 патници, што е намалување за 51,9 проценти и во однос на истиот период од претходната година.

Според видот на превозот, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во градскиот превоз  во последниот квартал лани изнесува 22 781 000 и е намален за 53,4 проценти, споредено со четвртиот квартал од 2019. Во приградскиот превоз имало  17 742 000, за 48,5  проценти помалку, во меѓуградскиот 2 794 000, или за  54,8  проценти помалку, а во меѓународниот превоз со кој се превезени 141 000 патници намалувањето изнесува 78,6  проценти.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 75 проценти. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 86,9  проценти, во приградскиот превоз за 78,6  проценти, во меѓуградскиот за 65,6  проценти, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 70 проценти.

Кај меѓуградскиот патен превоз, според видот на превозот, 47 проценти отпаѓаат на редовниот превоз, 52,9 проценти на превез на ученици и работници, а само 0,1 процент на туристички тури. Најмногу патници имало во Вардарскиот регион, над 250 000, а најмалку во Пелагонискиот и Југоисточниот со над 25 илјади патници.

Во меѓународниот патен превоз, пак, 110 илјади патници  односно 95,6 проценти се во редовниот превоз, 3,5 проценти или 28 илјади патници со туристички тури, 0,3 проценти или 2 000 патници биле превезени за екскурзии и шопинг тури, а на друг вид слободен превоз отпаѓаат 0,6 проценти.

Во патниот патнички превоз, како и кај останатите видови транспорт од стартот на ковид панедмијата поради рестриктивните мерки е намаленен бројот патници.

Со петтиот пакет антикризни мерки е предвидена финансиска поддршка по два основа за превозниците.

Конкретно, со седмата мерка од пакетот е најавена финансиска поддршка за меѓународните транспортери, односно компании кои вршат меѓународен линиски или слободен превоз а патници, а чиј вкупен број вработени е околу илјада и се запишани во регистарот на превозници во Министерството за транспорт и врски.

Со осмата мерка од антикризниот пакет, пак, е предвидена финансиска поддршка од 3.000 до 10.000 евра за компании кои имаат пад на приходите во 2020 за повеќе од 50 проценти споредено со 2019 година. Ќе се реализира скалесто во зависност од падот на приходите од 50 проценти па нагоре и е предвидена за регистрирани компании кои вршат транспорт на патници. Износот за реализација на оваа мерка е 40 милиони денари за околу 200 корисници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk