logo
logo
logo

Авионот на Армијата што требаше да го гасне пожарот во Галичник ПРИЗЕМЈЕН заради силен ветар

Vecer | 02.05.2021

Авионот на Армијата што требаше да го гасне пожарот во Галичник ПРИЗЕМЈЕН заради силен ветар

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар  над с. Галичник, околу 13: 30 часот, координираше со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја извести и Армијата, којашто испрати еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и за заштита на Галичник. ЦУК истовремено координираше и да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. Известена  е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

Последните информации, што ни се и официјално потврдени, е дека армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар, е веќе таму, во близина на Галичник.  Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот (во мемент на оваа информација) е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар.

Инаку, информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума. Во координација со ЦУК се регионалните центри за управување со кризи РЦУК Охрид, РЦУК Дебар, РЦУК Гостивар и РЦУК Тетово, коишто на локално ниво координирано ги известуваат одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари. Општина Маврово-Ростуше испратила, според правилата, официјално барање на време за хеликоптерска помош за гаснење пожар на непристапен терен.

Во контекст на информациите за шумски пожари, Ве информираме дека Центарот за упрување со кризи (ЦУК) денеска, исто така, ги координира и активностите за шумскиот пожар во Беровско од вчера, којшто за сега не претставува опасност по населени места иако е се уште активен.  Конкретно, командирит на Територијалната противпожарна единица, ТППЕ-Берово, кој е на лице место и не информира дека пожарот што избубнал вчера (на ден 01.05.2021) во 17:00 часот, каде што е зафатена сува трева, папрат и нискостеблеста шума (прнар) во атарот на с.Русинов на м.в. „Петлац“. Од силниот ветар пожарот се проширува. ТППЕ - Берово се на терен се со 1 теренско возило и три (3) пожарникари, и од  локалното шумско стопанство, ШС „Малеш“, се на местото на настанот со три (3) теренски возила и 15 вработени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk