logo
logo
logo

Димче Арсовски

„Заев и Филипче вршат геноцид врз народот, граѓани умираат од корона, тие возат мотори и градат хациенди“

Vecer | 28.04.2021

„Заев и Филипче вршат геноцид врз народот, граѓани умираат од корона, тие возат мотори и градат хациенди“

Ова кое што го прават Венко Филипче и Зоран Заев е геноцид врз сопствениот народ. Додека граѓани умираат, тие возат мотори, градат хациенди на Водно и се возат во хеликоптер и треба да одговараат за тоа, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, за „Филибастер“ на Радио Лидер.

Арсовски истакна дека Македонија како држава има повеќе починати од една Кина и тоа е доволен показател дека ништо не функционира тука, а единствено од власта се фрлени на провизии и на заработка.

- Најпрвин провизиите за набавка на респиратори каде што сакаа да земат пари. Којзнае колку заработиле од маски и слични работи. Но, провизиите на Венко Филипче за набавка на кинески вакцини, кои дека се сомнителни видоа и кинеските служби кои го  вратија авансот, рече Арсовски.

Тој посочи дека од друга страна ја имаме Србија како пример, која прва почна да вакцинира и има најмногу во Европа и меѓу другото ни донираше вакцини, но не само тоа туку дозоволи граѓани од Македонија да одат таму да се вакцинираат.

- Сите земји од регионот имаат повеќе вакцини од нас, а кај нас има само лаги и  манипулации. Дури и ветената донација од Бугарија не е реализирана. Имаше ветувања од Заев дека до крајот на април ќе стигнат 200.000 вакцини, но еве не видовме пречек на вакцини. Единствено што прават е купување на време и лажење.  Во меѓувреме дел граѓани прележуваат корона вирус, но дел ја губат битката и сега секое доцнење на вакцини сме поблиску до колективен имунитет, нагласи Арсовски.

Тој потенцираше дека оние речиси 5.000 починати кои ја изгубиле битката тоа е затоа што владата не била доволно свесна и способна да набави вакцини или претходно респиратори и медикаменти да ги излечи граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk