Арсовски: „Пржино 3“ е оправдано - без него консензусот се распаѓа

Власта треба да направи отстапки и да обезбеди дел од работите кои ги бара опозицијата за да се избегнат евентуално ново настанати проблеми во ваквата чувствителна ситуација каде политичките партии не остваруваат ниеден елементарен технички дијалог, сметаат аналитичарите.

Според познавачите на оваа проблематика, законот за финансирање на партиите и спроведување на избори по примерот на пржинскиот договор се сосема оправдани и треба да се изгласаат што поскоро за да се одблокира процесот за избор на ДИК во момент каде претстои референдум.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски, смета дека Пржино 3 треба да се разгледа како сериозна опција за изгласување бидејќи без неа, политичкиот договор односно консензусот ни се распаѓа пред очи. Тој вели дека изгласувањето на законот за финансирање на партиите им оди во прилог на сите политички актери.

- Мислам дека во ситуација на голем политички проект и тензии, треба да се направи ова. Пржино 3 треба да се разгледува како сериозна опција. Законот за финансирање партии ќе ги ослободи од сомнителни донации партиите, изјави Арсовски за Алфа.

Засега нема навестувања за изборот на новиот состав на ДИК што треба да го спроведе престојниот референдум за името. Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека додека не добие сигнал од партиите дека е постигнат договор за комплетирање на ДИК нема да закаже седница за селектирање на седуммина од пријавените 41 кандидат на конкурсот што го распиша Собранието со консензус.

„Можам кога било да закажам седница на Комисијата, ама тоа не води никаде доколку нема зелено светло од партиите. Така само ќе пропадне процесот и ќе се вратиме назад", вели Димовски.

ВМРО ДПМНЕ вчера порача дека пред да се избере новиот состав на ДИК треба да бидат донесени законите за финансирање на политичките партии и за влада, односно да се уреди дали техничката влада која беше договорена во Пржино ќе биде модел за секои наредни парламентарни избори.

Од СДСМ пак реагираа дека опозицијата намерно го блокира процесот и го одовлекува изборот на ДИК.

Кон крајот на зимата, премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средба во Владата, ѝ соопштија на јавноста дека постигнале договор за комплетирање на ДИК според претходниот концепт, но со мандат од само шест месеци - како преоден период во кој требаше да бидат усогласени потемелни измени во изборната регулатива, особено во делот на изборната администрација и финансирањето на партиите. Беше договорено по реформските закони, да поминат законите за финансирање партии и за влада, па да следува изборот на ДИК:

Извор. Алфа ТВ

Поврзани

Најнови вести

Коментари