logo
logo
logo

АРСОВСКИ: Имам информација дека е вратен авансот за кинеските вакцини! Филипче?

Vecer | 27.02.2021

АРСОВСКИ: Имам информација дека е вратен авансот за кинеските вакцини! Филипче?

Ако се вратиме наназад периодот ќе видиме дека и Венко Филипче и владата на Зоран Заев постојано лажат за набавката на вакцини, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Најпрвин велеа дека ќе стигнат стотина илјади, па 50 илјади, па 200 илјади, па биле нарачани. Даваат датуми како 15 февруари, доаѓа 1 март, се уште нема вакцини.

Имам информација дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма, па затоа прашуваме јавно дали е вистина дека е вратен авансот за кинеските вакцини и воедно кои се причините доколку е вистина дека е вратен, иако нашите информации говорат дека е вратен и не само што ќе доцнат туку ние нема да добиеме вакцини од кинеската фирма во идниот период, рече Арсовски како коментар за кинеските вакцини и најавата на министерот Филипче дека ќе доцнат.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk