logo
logo
logo

Арсовски ги презентираше цените: Како тендерот на Шилегов и Весковски на „Варшавска“ ЧИНЕЛ ПОСКАПО (ВИДЕО)

Vecer | 24.09.2021

Арсовски ги презентираше цените: Како тендерот на Шилегов и Весковски на „Варшавска“ ЧИНЕЛ ПОСКАПО (ВИДЕО)

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски истакна дека Шилегов и Весковски веќе неколку дена молчат институциите за случајот со скандалозниот наместен тендер во ЈП Водовод.

- Наместен тендер како на филм од страна на Шилегов и Весковски, со најобемната доказна документација дека фирмата КБК Инженеринг е таа за која што претходно бил договорен тендерот. Уште поголема небулоза е што веќе фирмата ја извршила работата, па дури потоа го добила тендерот. Се работи за испумпување на 300.000 евра народни пари, пари на скопјани, рече Арсовски.

Тој денеска ги презентираше разликите во цените, каде што според колку би чинела реконструкција на иста ваква улица по пропорции во 2017-тата година во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и колку чини сега оваа улица.

„Тука има една обемна споредба во однос на ставките, ставка по ставка колку би чинело. Јас би издвоил неколку работи, и би се фокусирал на финалната. На пример, геодетските работи, односно обележување на ров во 2017-та година ако чинело 19.34 денари за еден метар, сега во време на СДСМ чини 168.85 денари или за 8.7 пати поскап. Втор пример, земјани работи, односно рачен ископ на за откривање на главна водоводна мрежа, ако во 2017-тата година чинел 250.55 денари по м2, сега чини 797,36 денари по м2 или 3.2 пати повеќе.

Машински ископ на земја во тесен обем на ров од 0-2м ако во 2017-тата година чинело 100.23 денари по м3, сега во 2021 година чини 276.73 денари по м3 или 2.8 пати повеќе.

Рачен ископ на земја во тесен обем со длабочина на ров од 0-2м во 2017-тата година чинело 250.56 денари, а сега чини 478.41 денари за м3 или дури 2 пати поскапо е сега.

Замислете подупирање на ров под слаб притисок ако чинело 1.61 ден за м2 во 2017-тата година, сега чини 140.71 денари за м2 или 87.7 пати повеќе, додека пак за подупирање во услови во јак притисок ако чинело 2.36 денари за м2 во 2017-тата година, сега чини 168.85 денари или 71.7 пати повеќе. Неверојатно.

Намерно се издвоени овие споредби, бидејќи овде нема што да поскапи изминативе 4 години.

Верувајте дека целата спецификација, ако ја видите точка по точка од овој договор, ќе видите дека секаде по неколку пати се покачувани цените. За тоа велиме испумпување на народни пари.“

Според Арсовски вкупно споредбата за чинење на реконструкција на улица „Варшавска“ сега и колку би чинела во време на ВМРО-ДПМНЕ во 2017-тата година е следнава: 5.498.174 денари би била во 2017, а сега е 14.066.921 денар или за дури 2 ипол пати повеќе.

- Нема што повеќе да се говори на оваа тема. Одговорност мора да има, а институциите мораат уште веднаш да си ја преземат својата работа, односно да не спијат и да постапат согласно оваа документација, потенцираше тој.

https://youtu.be/RRUBoRczzKc

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk