Секоја држава си има своја мафија, но само во Македонија мафијата има своја држава. На чело на мафијата сите знаеме кој е, тоа е Зоран Заев и надолу следствено буквално целата влада и сите околу него блиски соработници, бизнисмени и дел од семејството функционираат како  мафија, изјави за „Филибастер“ на Радио Лидер, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски за аферата „Мафија“  и натурализирање на светски мафијаши вели дека тоа не е ништо повеќе освен начин на бизнис, да заработат сериозни пари со издавање на нелегални пасоши.

– Верувајте дека некој од власта добро има наплатено, но ќе дојдат времиња кога ќе има истрага и ќе се покаже кој е главата на тој криминал. Никој од тие светски мафијаши не може да дојде туку така во Македонија, и да побара пасош, или некој од МВР. За да се случи една таква операција треба да има меѓусебна доверба помеѓу челните лица кои требало да ги одобрат пасошите и помеѓу мафиите. Истрагата треба да утврди кој одобрил и кој ја организирал целата работа. Тие луѓе седат во раководните функции во власта, истакна Арсовски.

Тој нагласи дека треба да се види и каква е нивната поврзаност, кои се нивните претходни соработки, дали ги имало и на кој начин, да се види дали има бизнис релации кои се нелегални. Бидејќи само на таков начин можат да створат таква доверба за да може да си побараат меѓусебна услуга за лажен идентитет.

– За жал со оваа власт станавме држава во која било кој светски мафијаш може да дојде и легално да си извади пасош и лична карта. Сведоци бевме како возачот на братучедот на Зоран Заев беше фатен со марихуана во вредност од 1 милион евра и тоа покажува како функционира оваа власт и држава, како нарко картел, потенцира Арсовски.