logo
logo
logo

Арсовска: Заедно со моите скопјани во вториот круг ќе оствариме уште поголема победа

Vecer | 24.10.2021

Арсовска: Заедно со моите скопјани во вториот круг ќе оствариме уште поголема победа

На мојата денешна посета на Ново Лисиче, изразив благодарност до граѓаните за поддршката што ми ја дадоа во првиот круг на изборите и што овозможија на тој начин да победи визијата за модерно и современо Скопје, со разлика од 8000 гласови. Во вториот круг ќе оствариме уште поголема победа, заедно со моите скопјани, вели Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

-Секој од вас толку многу придонесе во целата оваа кампања, дел со своето присуство, дел со својата позитивна енергија, а дел од вас со предлозите кои што ги дававте во изминатиот период за што е проблематично, што треба да решиме и истите тие предлози беа ставени во нашата програма за модерно Скопје. Ме радува тоа што Аеродром доби нов градоначалник, за кој што верувам дека ќе работи фантастично за општината и ќе помогне нашиот град да биде почист, поубав, модерен и современ, за сите скопјани, пишува Арсовска на Фејсбук.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk