logo
logo
logo

Арсовска: Со 250 нови екоавтобуси до подобар градски превоз

Vecer | 21.10.2021

Арсовска: Со 250 нови екоавтобуси до подобар градски превоз

Во 30-минутното возење низ Скопје можевме да приметиме дека непријатно е возењето, посебно кога станува збор за дупките по улиците и неизбалансираните шахти, поради кои се оштетуваат возилата, што ќе биде како проблем решено во првите 82 дена од мојот мандат. Непоходно е Скопје да добие бесплатен јавен превоз и нови екоавтобуси. Тоа е најбрзото и најсигурно решение за јавниот превоз во Скопје за разлика од БРТ проектот кој значи дополнителни инфраструктурни проекти и со тоа реализацијата ќе трае со години. Не ни треба решение за само дел од Скопје, бидејќи решенијата мора да се однесуваат на сите делови на Скопје“, изјави независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, по возењето во градски автобус низ улиците на Скопје.

Арсовска посочи дека на скопјани им е доста од делумни решенија и се обврза на итно решавање на нивните проблеми.

„Ако бил толку добар БРТ-проектот зошто се покажа дека сега треба да се интервенира на мостот Обединети нации, зошто дополнително да се сече зеленилото на Партизанска, зошто да се имплементира решение што не е за цело Скопје“, истакна таа.

Проектот за екоавтобуси, според Арсовска ќе реши многу проблеми, а во исто време ќе направи ред на возење каде интервалот на доаѓање на автобуси ќе се скуси за да биде превозот побрз и почест.

„Тоа ќе значи помал метеж во автобусите. Во исто време ќе се воведат и почести ноќни линии за викендите. За овие решенија не требаат месеци, а да не зборуваме години, како што е менување на возен ред, ама кај нас и за едноставните нешта се чека со години“, додаде Арсовска.

Ги повика и граѓаните да дадат свое мислење за овој проект, затоа што според неа тие се главните сведоци на лошо менаџирање на ЈСП поради непродуктивни трошоци, непостоење систем за брз и ефикасен превоз кој само во првата половина од 2021 година има загуба од 139 милиони денари.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk