logo
logo
logo

Арсовска од Гази Баба: Мега парк, средена инфраструра и поврзување со Аеродром ќе бидат моите врвни приоритети за оваа општина

Vecer | 20.10.2021

Арсовска од Гази Баба: Мега парк, средена инфраструра и поврзување со Аеродром ќе бидат моите врвни приоритети за оваа општина

Ќе го започнам мандатот на градоначалник на Скопје со решавање на приоритетните проблеми од секоја скопска општина. Граѓаните се изморени од чекање, а проектите од мојата програма се креирани на начин што се овозможува нивна реализација со ефикасни и брзи решенија“ – порача независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, на денешната средба со жителите од Стајковци, Иџиково и Хиподром кои спаѓаат под општина Гази Баба.

На средбата жителите ѝ посочија дека нивната општина важи за најзагадена, а таа истакна дека веќе е направен детален план за намалување на загаденоста што ќе опфати чистење на дивите депонии уште во првите 82 дена од почетокот на нејзиното работење, а ќе започне и проектот за гасификација во секое домаќинство.

„Во општина Гази Баба, проблемите со кои се соочуваат жителите, важат за проблеми што требало да се надминат многу порано. Нема фекална канализација, недостигот на вода за пиење е секојдневие за овие граѓани, а немаат ниту трафостаници за парно греење. Со системски решенија креирани од експерти ќе се подобри инфраструктурата во ова населено место. Еден од петте мега паркови е предвиден за изградба токму во оваа општина. Ќе никнат и нови велосипедски патеки, а предвидена е и реконструкција на постоечките. Ќе обезбедиме и полесен пристап и директна врска помеѓу Гази Баба и Аеродром, а со тоа ќе се регулира сообраќајниот хаос што владее во моментов“ изјави Арсовска на средбата.

Кандидатката за градоначалник исто така им посочи на граѓаните која смета дека исполнувањето на барањата што ги имаат до нејзе, не се нешто невозможно, туку приоритет и кажа дека планира да се посвети на нивна реализација уште во првите денови од нејзиниот мандат.

За крај, им се заблагодари затоа што успехот од првиот круг на изборите е благодарение на нив и на сите скопјани и ги повика да ѝ ја дадат поддршката и во вториот изборен круг, сите што веруваат во нејзината заложба за модерно и современо Скопје, град што ќе се посвети на заборавените населби и рамномерниот развој.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk