logo
logo
logo

Арсовска НЕЗАКОНСКИ ГО НАЗНАЧИЛА ДЕТЕКТИВОТ ЗА ВД ДИРЕКТОР НА МКЦ, пресудил Управен

Vecer | 06.06.2023

Арсовска НЕЗАКОНСКИ ГО НАЗНАЧИЛА ДЕТЕКТИВОТ ЗА ВД ДИРЕКТОР НА МКЦ, пресудил Управен

Управниот суд утврди дека е незаконско решението за назначување на дипломираниот детектив Никола Алексов за в.д. директор на МКЦ и побара од Град Скопје да го поништи решението. Според вработените и Алексов и натаму си доаѓа на работа, а градската управа не соопштува дали ќе ја спроведе пресудата, пренесе Слободен Печат.

Пресудата Управниот суд ја донел на 28 април годинава по тужбата што ја покренаа вработените кои тврдеа дека Алексов е незаконски поставен на директорската позицијата.

Тој стана директор во јануари годинава иако имаше диплома за детектив, заменувајќи го Ванчо Богоев кој пак обвини дека е сменет затоа што не потклекнал на притисокот од генералниот секретар на Град Скопје да го потпише вработување на музичарот Бени Шакири познат во јавноста како Бени.

Градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека ги почитувала сите законски процедури при назначувањето на Алексов.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk