logo
logo
logo

Арсовска најави брзи проекти и сигурни решенија за Скопје

Vecer | 27.09.2021

Арсовска најави брзи проекти и сигурни решенија за Скопје

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Данела Арсовска денеска на прес-конференција истакна дека ќе обезбеди брзи проекти и сигурни решенија за Скопје, бидејќи тоа, како што рече, знае како да го направи, има искуство, знаење и контакти. Нагласи дека нејзиниот план содржи 15 плус еден главен проект за Скопје да биде модерен град достоен за живот.

Нејзината визија, како што потенцира, е Скопје да стане модерен, европски, современ град и метропола на 21 век.

– Од заживување на Скопје како културно жариште до одржливо решение за сообраќај, да се запре неконтролирана градба, нови паркови, чистење на градот… За да успееме Скопје да биде модерен град мора да го менуваме. Ќе имплементираме реални проекти, ќе воведеме бесплатен јавен превоз за скопјани, Скопје ќе го направиме град на фестивали, ќе го заштитиме нашето зеленило и природа, но ќе креираме и нови паркови, рекреативни области во секоја општина. Ќе го вратиме сјајот на сите заборавени места во нашиот град, рече Арсовска, додавајќи дека најважно е да ги решат основните проблеми на оние кои немаат вода за пиење и канализација.

Нагласи дека ќе работи напорно уште од првиот ден и посочи дека ќе биде добар градоначалник и менаџер на овој град.

– На Скопје му треба градоначалник кој нема својата работа и себе да се става во фокус и дека нема да мисли само на својата политичка определба. Подготвена сум да влезам во оваа нова битка, битка за модерен, пред се за чист град. Нашето Скопје доста време беше запоставено, сите гледаме како градот ни тоне. Граѓаните на Скопје во минатото беа горди на овој наш град. Нештата ќе се сменат. Нема веќе празна демагогија, идеи за утопија. Само со посветеност, напорна работа и професионализам јас сум подготвена, со тим, со план, со визија, без утописки проекти, Скопје да го претворам во достоен град кој го заслужуваме, заклучи Арсовска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk