logo
logo
logo

Арсовска на средба со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Скопје“

Vecer | 14.10.2021

Арсовска на средба со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Скопје“

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници од Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Скопје“, со кои разговараше за нивните актуелни проблеми и предизвици, а беа дискутирани и нивните барања во насока на унапредување и подобрување на секојдневното функционирање на лицата со попреченост.

„Добар дел од барањата на лицата со попреченост во рамките на остварување на нивните права, веќе се дел од моите заложби и дел од приоритетните проекти од мојата програма. Ќе се вградат рампи и лифтови во сите јавни установи, а Градот Скопје ќе го мотивира и поддржи и приватниот сектор да го следи овој пример. Се предвидува и инфраструктурно подобрување во сообраќајот со воведување семафори со звучна сигнализација и тактилни патеки за слепите и лицата со оштетен вид, а новите автобуси ќе имаат соодветни ниски платформи за полесен пристап на лицата со инвалидитет. Ќе се зголеми и бројот на социјални работници кои што ќе ги придружуваат во училишните клупи учениците со попреченост, а за најмладите ќе бидат изградени специјални инклузивни игралишта“ – истакна Арсовска на средбата.

Претставниците од Здружението уште посочија дека долго чекаат да стигнат на ред за остварување на своите права поради што бараат брзи и ефикасни решенија и поголем слух и поддршка од институциите.

„Нема да дозволам незадоволството кај оваа категорија граѓани уште повеќе да расте, затоа се обврзувам на взаемен дијалог и изнаоѓање конкретни решенија, уште на почетокот на мојот мандат. Сметам и дека е неопходно лицата со попреченост да бидат вклучени во сите сфери од општествениот живот. За потребата на поголема инклузија и нивно вработување планирана е реализација на проект за унапредување на пристапот на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот“ – заклучи Арсовска.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk