logo
logo
logo

Арсовска: Кризната состојба во која се наоѓаат компаниите е поради тоа што мерките се ненавремени и не се доволни

Vecer | 20.04.2021

Арсовска: Кризната состојба во која се наоѓаат компаниите е поради тоа што мерките се ненавремени и не се доволни

Даниела Арсовска од Сојузот на стопански комори во гостуваење во дневникот на “Сител Телевизија,, на тема 6 пакет на мерки кажа дека доколку се земе опсегот на компании и оние кои ги користеле мерките дали се тоа правни или физички лица повеќе од јасно е дека таа помош не е доволна и затоа се голем големиот број на реакции од компаниите и секторите.

-Треба да се земе во предвид кој е бројот и кој е опсегот на тие кои ги користеле мерките а уште позначајно од се кој е периодот во кој тие ги користеле овие мерки. Треба да се има во предвид дека во изминатата  2020 година ако гледаме календарски тие практично од средината на февруари или почетокот на март месец до крајот на годината што би значело повеќе  од 10 месеци беа нефункционални немаа можности воопшто да работат немаа начин како да ги подмируваат трошоците, голем дел од нив се преоптоварени еве сега во овој момент гледаме реализција и извршување од банките и извршителите на нивните сметки. Треба да се разгледа 10 месеци во минатата календарска година овие претпријатија не работеа а кога ќе ја поделите оваа помош на сите овие прави и физички лица верувам дека не е е доволно и затоа тие исто така реагираат појасни Арсовска.

Арсовска потенцираше дека времето во кое стигнува помошта треба да е навремена и дека токму поради ненавременоста на мерките компаниите се наоѓаат во кризна состојба.

-Дека се сакало да се помогне да меѓутиа начинот и времето во кое што стигнува помошта навистина треба да е понавремена и гледаме дека голем дел од овие кризни состојби во кои што се наоѓаат е баш поради таа помош не е стигната навреме кај нив заврши Арсовска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk