logo
logo
logo

Арнаудов: Заев од Мицкоски се плаши како ѓаволот од темјан

Vecer | 15.02.2021

Арнаудов: Заев од Мицкоски се плаши како ѓаволот од темјан

Вистинските вмровци имаат еде пат, а тоа е љубовта кон Македонија.  А ова што се прави сега со некакво закажување на конгрес е крајно неосновано, рече Ламбе Арнаудов поранешен пратеник на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Што не е јасно.

-Во однос на наводен конгрес има три моменти. Прв е статутарниот момент.  Таму нема дилема дека Централниот комистет меѓу два конгреси е најголема власт и има процедури како се закажува конгрес и таму стои јаасно кој е делегат на конгресот пратеници, градоначалници, Унија на млади сили на жени, на ветрани.

Второ, една половина од ЦК може да закаже и да побара конгрес а две третини да се согласат. Трета работа, новиот статут е правен со консултации со сестринските партии, рече Арнаудов.

Арнаудов укажа дека тие закажуваат конгрес затоа што Мицкоски бил губитник, а не е, оттука е кој е нивниот мотив, конфузни се.

-И едно нешто е факт Заев од Мицкоски се плаши како ѓаволот од темјан, рече Арнаудов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk