logo
logo
logo

Арнаудов: Заев има најголема вина за ова што се случува со Бугарија

Vecer | 19.05.2022

Арнаудов: Заев има најголема вина за ова што се случува со Бугарија

За се ова што се случува со Бугарија најголема вина има Заев кој направи отстапки.  Бугарија го искористува дури Преспанскиот договор за да ни поставува услови. Пред Заев да настапи така дека ќе го реши проблемот со Бугарија, односите помеѓу двете држави беа релаксирани и немаше ваква нетрпеливост, изјави за „Само интервју“ на Канал 5, поранешниот пратеник Ламбе Арнаудов.

Тој посочи дека СДСМ го злоупотребува процесот и си зема право само да одлучува без да се консултира со опозицијата и граѓаните.

- Се потпишуваат договори затоа што се брза и не се соработува, една политичка партија узурпира право и доминантно одлучува за тоа. Не може  граѓаните да се остават настрана да не одлучуваат за својата иднина и идната на своите деца. ВМРО-ДПМНЕ доколку беше власт ќе подадеше рака и заеднички ќе се одлучуваше, изјави Арнаудов.

Тој посочи дека тешко ќе се дојде до договор со Бугарија ако се прифатат нивните услови затоа што се негира јазикот, народот, но и територијата на Македонија.

- Бугарија не негира дека главен услов им е територијата на Македонија. Околу непризнавањето на јазикот, и се она што претставува македонски атрибут. Дури и некои бугарски политичари тоа го ставија до знаење. Дури и бугарскиот народ кој не го изедначувавме со политичките елити со вешта пропаганда се има свртено против Македонија, нагласи Арнаудов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk