logo
logo
logo

Аплицирани 1.590.219 дози вакцини, а ревакцинирани 46 % од граѓаните

Vecer | 23.10.2021

Аплицирани 1.590.219 дози вакцини, а ревакцинирани 46 % од граѓаните

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472 се ревакцинирани, а 4.720 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 22 октомври, како што велат од Министерството за здравство, вкупно се вакцинирани 801.326 граѓани, ревакцинирани се 769.356 а трета доза примиле 10.386 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk