Апелација потврди дека 4 осомничени за крвавиот четврток остануваат во притвор

Апелациониот суд ги потврди одлуките на кривичниот суд за сите осомничени за натсаните од крвавиот четврток на 27 април, откако вчера ги разгледа нивните жалби на јавни седници. Во притвор останува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, началникот во МВР, Душко Лазаров, шефот на обезбедувањето на поранешниот спикер Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски и Митко Пешов, началник на посебните специјални единици.

Денеска Апелација ги разгледува жалбите и на пратениците Љупчо Димовски и Крсто Мукоски. Димовски се жали на одлуката за продолжување на куќниот притвор, а Мукоски на одлуката да му биде продолжен притворот. За неколку дена истекуваат и триесетте дена за колку што им беше продолжен притворот на осомничените. Обвинителството за организиран криминал ќе треба да достави нови предлози за мерки за осомничените.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари