logo
logo
logo

Апасиев страда од параноично растројство, смета премиерот Ковачевски

Vecer | 27.01.2023

Апасиев страда од параноично растројство, смета премиерот Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот на Левица, Димитар Апасиев во врска со користење на софтвер за следење на политичките неистомисленици, му кажа дека размислува и делува параноично, цитирајќи ја дефиницијата за параноја.
„Параноја е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Параночното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има завера против самиот себеси. Изнесувањето лажни обвинувања и општа недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата. Параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна иако според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност. Паранојата е централен симптом на психозата“ рече Ковачевски одговарајќи на Апасиев.
Премиерот даде одговор и на прашањето на Апасиев, објаснувајќи дека Агенцијата за национална безбедност го користи Пегасус спајвер софтвереот и го упати пратеникот за работата на АНБ да се обради пред Комисијата за надзор на безбедносните служби, која е водена од пратеник од опозицијата. Ковачевски одговори и на прозивките и обвинувањата на Апасиев дека токму тој беше тој што организираше импровизирано судење за премиерот пред Собрание и поставуваше гилотини во месец јули.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk