logo
logo
logo

Антикорупциска: Институциите со месеци молчат за ДУП-от спроти Холидеј Ин и членовите на ДИК кои набавувале гласачки материјал

Vecer | 25.10.2021

Антикорупциска: Институциите со месеци молчат за ДУП-от спроти Холидеј Ин и членовите на ДИК кои набавувале гласачки материјал

За клучни предмети антикорупционерите чекаат одговор од институциите и по три години. Прифатени се само 30 отсто од нивните препораки, барања и иницијативи, а се одбиени важни препораки и мислења за кои сметаат дека би биле одлучувачки за некои состојби, изјави денеска Билјана Ивановска, претседател на ДКСК на денешната прес конференција.

Таа оцени дека комисијата дома е дискредитирана и обвинувана дека ги надминува своите надлежности, иако Европската комисија и во последниот извештај го забележува напредокот во делот на борбата со корупцијата и судирот на интереси.

Од комисијата бараат институциите побрзо да ги решаваат на иницијативите, барањата и препораките кои ги испраќаат до нив. Претседателката на комисијата Билјана Ивановска на денешната прес конференција на која зборуваше за оценките на Европската комисија за ДКСК , истакна дека многу нивни предмети се заглавени во институцитте и дека со месеци чекаат одговори.

Обвинителството се уште не и одговорило на Антикорупциската комисија за иницијативите за кривична одговорност за лицата кои учествувале во донесувањето на Деталниот урбанистички план Ц08 за Холидеј ин, и за лицата од ДИК кои учествуале во тендерот за печатени материјали за гласање.

Антикорупциска чека одговор и од Уставниот суд за оценка на уставноста на законистоста на донесениот закон од јавен интерес со номинирање на стратешки партнер за доизградба на коридорите 8 и 10.

Претседателката Ивановска изјави дека сѐ уште чекаат одговори по иницијативите за разрешување на одговорни лица и промена на законската регулатива за ограничување на дискреционите права со што ќе се овоможи фер начини на вработување, како и промена на на начинот за избор на директори и членови на управни одбори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk