logo
logo
logo

Антикорупциска добила од Народна Банка ДОКУМЕНТ ЗА ИСПЛАТА НА 7,8 МИЛИОНИ ДОЛАРИ за кинеските вакцини на фирмата Стабри

Vecer | 06.05.2021

Антикорупциска добила од Народна Банка ДОКУМЕНТ ЗА ИСПЛАТА НА 7,8 МИЛИОНИ ДОЛАРИ за кинеските вакцини на фирмата Стабри

Власта преку трета фирма се обидувала да набави вакцини од Кина, а од ВМРО-ДПМНЕ обелоденија дека на фантом фирмата и биле префрлени 7,8 милиони долари  за набавката.

За случајот со набавката на кинеските вакцини случај отвори и антикорупциска од каде што велат дека се при крај со предметот за набавката на вакцините за КОВИД – 19 и има информации што не се се уште целосни.

Како што информираше на денешната прес-конференција Горан Трпеноски член на Комисијата, целата ситуација е комплексна и треба да се размисли со ладни глави и имајќи ја предвид поларизацијата во државата, не сакаат како институција да се стават во корист на кој било од политичките чинители.

Одговарајќи на новинарско прашање тој информира дека Антикорупциска добила од Народна банка документ за извршена исплата на  седум милиони и 800 илјади долари за увоз на стока односно Министерството за здравство има исплатено на 15 февруари, а НБ го има реализирано во корист на Стабри Интернешенел од Хонг Конг.

Од МЗ известиле дека немаат исплатено аванс на правно лице за купување кинески вакцини, туку на почетокот на оваа година има извршено уплата на средства на име гаранција со цел да се изврши резервација на 200 илјади дози вакцини од производителот Синофарм од Кина, врз основа на заклучоци од затворена владина седница одржана на 5.февруари.

– Владата во кородинација со владата на Кина, преку Кинеската амбасада во С Македонија, по разговорите одлучила да ги прекине започнатите активности и ги побарала назад уплатените средства, што  било реализирано со враќање на средствата. Владата за операционализирање на својата одлука на 16.март го задолжила МЗ да ги прекине сите активности за реализација по заклучоците од 8 – та седница односно парите што биле префрлени на Стабри се вратени назад и нема извршено никаква исплата. Владата потоа склучила договор директно со производителот Синофарм, појаснуваше Трпеноски.

Додаде оти не може да изнесува други детали бидејќи производителите во документите што ги има добиено ДКСК, е ставена клаузулата за тајност, по нивно барање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk