logo
logo
logo

Антикорупциска бара градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски малверзации

Vecer | 22.07.2021

Антикорупциска бара градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски малверзации

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница.

Покрај градоначалникот Мерко, антикорупционерите сметаат дека кривична одговорност треба да се побара и од претседателот на Кривичниот суд во Струга кој дозволил буџетот на Општината да биде 50 милиони денари иако е меѓу најзадолжените во државата.

Финансиските малверзации на градоначалникот Мерко биле потврдени во истрагата на државната комисија за спречување корупција, а истите се нотирани и во истрага на државните ревизори.

Антикорупциската комисија извести дека во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција од 2018 година се оформени три предмети за работењето на градоначалникот Мерко. Меѓу нив се набавката на луксузниот „ауди а 6“ за 70.000 евра и предметот за бесправна продажба на објект.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk