logo
logo
logo

Анкетите покажуваат Мицкоски пред Заев, предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ од над 4.2%

Vecer | 21.09.2021

Анкетите покажуваат Мицкоски пред Заев, предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ од над 4.2%

Расте опозициското расположение во државата и по се македонските граѓани сакаат промени. Анкетите од изминатиов период покажуваат дека македонските граѓани се незадоволни од работата на повеќето градоначалници и сакаат промени во локалната самоуправа. Таквото расположение е генерално одраз на реалната слика, бидејќи поголемиот дел од градоначалниците и нема со што да се пофалат.  Во меѓувреме власта не може да се справи со здравствената криза и Македонија се наоѓа на врвот по смртност во светот од КОВИД-19.

Но, покрај тоа речиси секојдневно гледаме скандали и афери поврзани со луѓе од власта, пасоши на светски криминалци, но и меународен дипломатски скандал.   Ако на тоа се додаде дека меѓународните институции ја рангираа земјава како хибриден режим, но и како земја со висока корупција  на 111 место спроед Транспаренси Интернешнл, тогаш и не е за чудење што власта почнува да губи на анкетите и што граѓаните скааат промени.

Според вчера објавена анкета на „Организацијата за граѓански активизам и независност“ ВМРО-ДПМНЕ е со над 4.2% предност пред СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат деака оие анкети само ја покажуваат реалната слика на терен, каде на граѓаните им е смачено од погрешните политики на власта и безизлезноста во која ја втурнаа државата, соопштуваат од партијата.

Тие потенцираат дека анкетите ја покажуваат големата поддршка на граѓаните на понудата на ВМРО-ДПМНЕ и политиките „Македонија за сите луѓе“ кои беа презентирани во текот на месеците јули и август, а опфаќаат проекти, мерки и визија за Македонија.

- ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивирана од големата поддршка која ја добива од граѓаните, а која пред се е видлива при теренските посети, ваквата поддршка само ќе се зголемува во очи на локалните избори. Поддршката која ја има Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – АА – А е воочлива и е пред тандемот СДСМ – ДУИ. Власта паѓа, се додава во соопштението.

Оттаму истакнаа дека поддршката која ја има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Др. Христијан Мицкоски наспроти Зоран Заев покажува дека граѓаните сакаат лидери со визија и интегритет, а не луѓе како Заев кои се заглавени во криминалот.

- Граѓаните сакаат стабилност, раст и развој. И тоа се докажува со анкетите од каде се гледа точно какви политики поддржуваат граѓаните, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk