logo
logo
logo

Македонија се буди

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО РЕЧИСИ 7% ПРЕД СДСМ

Vecer | 07.06.2021

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО РЕЧИСИ 7% ПРЕД СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ води со 6,8% во однос на СДСМ на прашањето за кого би го дале својот глас, на анкета која ја на брифинг ја соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Како што информираше Мицкоски, анкетата е нарачана од ВМРО-ДПМНЕ, и теренски е спроведена на  1013 испитаници и според добиените резултати, најголем дел од граѓаните се изјасниле дека својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ.

На анкетата  21,7% од граѓаните се одлучиле дека својот глас ќе го дадат за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ се изјасниле  14,9%, за Левица  8,6% додека  8,2% за ДУИ и  5,6% за ААА.

65% од испитаните граѓани се изјасниле дека ќе излезат на изборите и ќе го остварат своето право на глас.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите партии да се вклучат во опозицискиот блок против власта на СДСМ и ДУИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk