Анкета на Телма и МЦМС: За Шилегов ќе гласаат 37,1 отсто, за Трајановски 34,6

За друг кандидат ќе гласаат 5,8 отсто од анкетираните, додека 22,5 проценти одговориле дека не знаат за кого ќе го дадат својот глас

Кандидатот на СДСМ за градоначаланик на Скопје Петре Шилегов има поддршка од 37,1 отсто од гласачите, наспроти главниот ривал од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски за кого се изјасниле 34,6 отсто од граѓаните, покажува најновата телефонска анкета на агенцијата М-проспект изработена на барање на Телма и МЦМС во пресрет на локалните избори на 15 октомври.

За друг кандидат ќе гласаат 5,8 отсто од анкетираните, додека 22,5 проценти одговориле дека не знаат за кого ќе го дадат својот глас. Според етничката припадност на испитаниците, Шилегов има поддршка од 30,9 отсто од гласачите Македонци и 58,6 проценти кај албанското гласачко тело. Трајановски, пак, го поддржуваат 42,3 отсто од анкетираните Македонци, а 4,8 проценти од Албанците.

Во однос на советничките листи во Град Скопје, за СДСМ се определиле 33,8 отсто, за ВМРО-ДПМНЕ 31,7, за ДУИ четири и за БЕСА 3,7 отсто од анкетираните.

Анкетата е спроведена во периодот од 23 септември до 2 октомври, а со неа се опфатени 1.513 испитанци на територијата на Град Скопје.

Поврзани

Најнови вести

Коментари