logo
logo
logo

Анкета: Граѓаните се за ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Vecer | 20.09.2022

Анкета: Граѓаните се за ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Повеќето од македонските граѓани се за една изборна единица и сметаат дека треба да има утврден праг на минимален број на гласови, за политичките партии да имаат правична застапеност во Собранието. 

Според истражувањето на Институтот за европска политика за ваков став граѓаните дале оценка од 7,5. 

Истражувањето од јуни годинава покажало дека доколку шесте изборни единици се заменат со една, ќе се намали поларизацијата и политичката култура помеѓу најголемите политички партии. Висока оценка од 8,4 испитаниците дале и за отворените листи, за што сметаат дека самите треба да изберат кој ќе ги претставува во Парламентот. 

Според резултатите на анкетата во која биле испитани 1000 граѓаните,  граѓаните треба да бидат вклучени во дебатата за промена на изборниот модел, и изборните реформи да не се случуваат пред одржување на изборите. 

Измените во изборниот законик се тема за која долго се дебатира, но во Собранието се уште расправата не може да почне. Досега се одржа само јавна расправа, а помалите партии кои се предлагачи на измените најавуваат дека повторно ќе ја актуелизираат темата како нивно најголемо залагање. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ претходно се изјаснија дека начелно ќе дадат поддршка во Собрание, но против останува ДУИ. 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk