logo
logo
logo

Анкета: 73% Македонци НЕ ПРЕЛЕЛЕЖАЛЕ Ковид 19

Vecer | 23.05.2021

Анкета: 73% Македонци НЕ ПРЕЛЕЛЕЖАЛЕ Ковид 19

До средината на март 73% од граѓаните немале прележано ковид, покажува анкетата на Владата спроведена од агенцијата Индаго.

Според неа, 73% од анкетираните рекле дека ниту тие ниту некој од нивното семејство не го прележале вирусот.

Истата анкета покажува дека 51% од граѓаните планираат да се вакцинираат, 18% се уште не донеле одлука додека 28% не планираат да примат анти ковид вакцина.

Граѓаните најмногу ја преферираат руската вакцина. 65% рекле дека претпочитаат да се вакцинираат со Спутник В, 61% се определиле за Фајзер а 50% за Синофарм.

Астра Зенека ја избрале 34%.

Според истата анкета во Македонија се уште има 11% кои сметаат дека корона вирусот не постои и 3% кои не знаат дали постои.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 8 до 16 март врз репрезентативен примерок од 1100 испитаници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk