x

АНКЕТА: 63,4 отсто анкетирани сметаат дека постои договор меѓу Заев и Мијалков

Високи 63,4 проценти од граѓаните кои биле анкетирани од Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА веруваат дека постои цврт договор меѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков. Половина од овој процент сметаат дека нема договор. За бегството на Мијалков граѓаните одговорноста ја гледаат во министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Циркус е зборот со кој граѓаните ја опишуваат ситуацијата околу бегството и обезбедувањето на Мијалков.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 26.02.2021 – 28.02.2021 врз 929 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. Од Институтот велат дека при анализата опфатени се сите изборни единици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата