logo
logo
logo

Анета Антова Пешева СО ТРЕТА НАГРАДА на „Жени лидери 2022“ во Белград

Vecer | 27.09.2022

Анета Антова Пешева СО ТРЕТА НАГРАДА на „Жени лидери 2022“ во Белград

Регионалната награда Жени лидери 2022 беше доделена синоќа во Белград, а третата награда и припадна на Анета Антова Пешева од Македонија, претседателката на МАСИТ  и основач на групацијата Ултра-Унет ДОО Скопје. 

На церемонијата рисуствуваше и американскиот амбасадор Кристофер Хил.  

Првата награда ја доби министерката за труд, ветерани и социјални работи на Србија, Дарија Кисиќ, додека втората награда и припадна на Јелена Милошевиќ, сликарка и дизајнерка од САД, чии дела се наоѓаат во бројни музеи и приватни колекции на бројни познати личности. 

На церемонијата на доделување награди, која ја освоија 33 жени лидери од регионот, како и успешни Србинки од некои од земјите на ЕУ и САД, во организација на радио Фокус, Хил рече дека собирот на жени лидери од различни области е голема работа што ги обединува земјите од регионот. 

„Давам голема поддршка на иницијативата Отворен Балкан и таа не може да функционира без жени лидери и претприемачи“, рече Хил, додавајќи дека му се многу важни жените лидери и претприемачи . 

Тој потсети дека во САД е направено многу за правата на жените, но тоа не значи дека работата е завршена. 

„Не можеме да бидеме задоволни да седиме во позадина и да чекаме нешто да се случи, бидејќи има уште многу што треба да се направи“, рече Хил. 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk