„Османи правдајќи се во Софија, веднаш рече дека се работи за етнички инцидент, веднаш го квалификува како меѓуетнички проблем и дека тој потекнувал од население кое што претходно имало такви проблеми, самото тоа население и заради тоа во целосна заштита застанува на жртвата. Јас не велам дека жртвата не треба да има заштита, но ајде да ја дознаеме целата вистина па да си го заштитиме системот“, рече Андоновски.Тој посочи дека во ситуација кога целиот систем постапил за да ја расчисти ситуацијата и да не се верува на тој систем и да се влета во ситуацијата како некој спасител единствено служи на личниот ПР интерес на Бујар Османи.
„Јас често кажувам дека Бујар Османи како агенда ги нема македонските национални интереси. И луѓето секогаш тука ставаат запирка, и велат аха сигурно тогаш албанските ги штити. Не, Бујар Османи единствено ги штити своите лични маркетиншки интереси. Станува збор за неговиот профил, за неговиот лик, дека секогаш тој треба да биде во преден план и да се фотографира. Тоа му е намерата. Никогаш не му е ниедна поголема од таа, од личната“, нагласи тој.Андоновски укажа дека го плаши наративот кој што се создава во Бугарија.
„Доблесна Влада целата би требало да си даде оставка. Не само министерот за надворешни работи. Ние забораваме што значи лична и политичка одговорност. Затоа што имате влади во исто толку развиени држави како нашата кои што велат луѓе јас не можам вака да владеам, извинете мој гаф, моја грешка, еве ја власта назад. Во овој случај имате т.н. европска влада која што не знае што се попрво да направи од притисоци, уцени, закани само да остане ден подолго на тоа столче“, вели Андоновски.Тој дури се осврна и на претседателот Пендаровски и неговите одлуки. Андоновски рече дека Пендаровски наместо да делува како претседател на држава, тој делува како независен аналитичар.