logo
logo
logo

Андоновски: Три години Заев лаже за датумот

Vecer | 23.06.2021

Андоновски: Три години Заев лаже за датумот

Заев вети – Заев излажа. Три години празни ветувања дека сме го добиле датумот и дека отпочнуваме преговори со Европската унија, три години разочарувања за граѓаните.

Уште пред три години, Заев вети дека ќе си поднесе оставка доколку не почнеме преговори со ЕУ. Поминаа три полни години од сликата во авионот со која Заев не убедуваше дека веќе преговараме со ЕУ.

Денес се случи она за што три години предупредуваме, а тоа е дека датумот за преговори со Европската унија е недостижен додека е Заев на власт.

За жал Македонија останува и пред портите на ЕУ, и национално понижена.

Има и две лоши тенденции. Едната е дека Заев крие што предлагал за македонскиот јазик и историја додека коленичел во Софија. Никој не знае кое е новото национално понижување на кое тој е подготвен да се согласи. Заев на овој начин трајно ги минира позициите на Македонија.

И второто е што никој во македонската дипломатија не лобира за Македонија.

Македонија овие денови требаше да има претставници во европските метрополи. Да бараат поддршка од сите европски лидери. Затоа што ние имаме европски пријатели, но со нив никој не комуницира. Но, европска поддршка за владина корупција не постои и не може да се бара.

Почитувани,

Заради Заев довербата на граѓаните во политиката е на историскиот минимум. И доколку Заев не е подготвен за оставка – граѓаните се подготвени да му го покажат излезот.

Време е за промени.

Нашата иднина е економски развиена држава членка на Европската Унија и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да лобира Македонија да го добие своето заслужено место помеѓу партнерите од Европската унија. Наша обврска е да се избориме заслужено преку реформи и стандарди да бидеме земја членка на ЕУ. Но, тоа да го направиме како македонци од Македонија кои зборуваат македонски јазик. Без загрозување на виталните национални интереси.

Македонија за сите луѓе, а не само за претставниците на власта., рече Андоновски на денешната прес конференција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk