logo
logo
logo

Андоновски: Сите лаги на Заев за датумот!

Vecer | 24.06.2021

Андоновски: Сите лаги на Заев за датумот!

Не постои лага, политички спин или блеф кој може да го искористи скапата ПР машина на СДСМ, а да ги покрие лагите и неуспесите на Македонија на европскиот пат. И покрај сервилните извинувања за употребата на придавката „македонски“ – Зоран Заев не успеа да исколеничи пред официјална Софија. Зоран Заев се уште ги крие „креативните решенија“ кои и ги понудиле на Софија а се кријат од македонскиот народ. Прво се лажеше дека вакви решенија не постојат, за потоа истите вешто да се кријат од сите македонски граѓани.

Заев веќе 4 години не убедува дека сите прашања со соседите се затворени во полза на Македонија. Дали ова со Софија личи на затворено прашање? Дали ова е во полза на Македонија? И ова не е прва лага за датумот.

 

Поминаа три години од сликата во авионот со која Заев не убедуваше дека веќе преговараме со ЕУ. 

 

За Телевизија Телма, на 28 јуни 2018 Заев рече, цитирам: Добивме чист датум за почеток на преговорите, и да нема повеќе дилеми, да ги затвориме тие дебати, втората половина на јули тоа е буквално од утре го почнуваме скринингот со посета на комесарот Хан. 

 

На 30 јуни 2018, Заев за германски Дојче Веле ќе каже дека е „историска“ одлуката на ЕУ за датум за отпочнување преговори за членство на Македонија. Заев ќе рече, цитирам: Добивме датум за преговори - јуни 2019. Дотогаш, заедно со нашите пријатели и партнери од Европската комисија, заеднички ќе работиме на остварување на критериумите. 

 

За на 25 март 2019 година Заев повторно да излаже за датумот. Цитирам: Македонија почнува преговори за членство со Европската унија. Историската грешка е исправена, нема веќе никакви пречки, ниту услови. Првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може, кажа во март Заев. 

 

30 април 2019, Заев повторно ќе излаже. Прво од Шуто Оризари сака да ја сподели убавата вест. Пред неколку часа се вратив од Берлин. Нашата заедничка земја конечно отвора поглавја, почнува да преговара. 

 

И за на крај, во Програмата за лаги на СДСМ од 2020 година, на страница 260 Заев ќе напише: На 26 март 2020 година Европскиот совет донесе одлука за почеток на преговорите со нашата земја за членство во ЕУ. Оваа одлука ја чекавме 15 години и заслужено ја добивме. 

 

Десет изјави, три години – само лаги. Денес, со Зоран Заев на власт, датумот за преговори со Европската унија е понедостижен од било кога. За жал Македонија останува и блокирана без превори, и национално понижена. Граѓаните се подготвени на Заев да му го покажат излезот од македонската политичка сцена. Време е за промени. Нашата иднина е економски развиена држава членка на Европската Унија и НАТО. 

 

Време е Македонија, без никакви условувања, да го добие своето заслужено место помеѓу партнерите од Европската унија. Без штета по македонските национални интереси. Македонија за сите луѓе, а не само за претставниците на власта., се вели во интегралниот текст од прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk