logo
logo
logo

Андоновски: Над 3.000 лица ја изгубија битката со КОВИД-19, тоа покажува колку Заев и Филипче „сработиле“ за справување со ковид кризата

Vecer | 18.02.2021

Андоновски: Над 3.000 лица ја изгубија битката со КОВИД-19, тоа покажува колку Заев и  Филипче „сработиле“ за справување со ковид кризата

Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „24 Анализа“ зборуваше за вакцините против КОВИД-19 и посочи дека оваа влада во пракса не работи ништо туку само тера свој пи-ар.

„Ако во бројката за корупција сме во друштво на Монголија, Салвадор, Панама тогаш во делот со вакцини сме со Алжир и другите Афрички земји. Проблемот во овој случај е што, мене ми текнува на еден слоган од кампањата на СДСМ за изборите „подготвени го дочекавме ударот“.

Проблемот е што подготвени сме само во пи-ар и во маркетинг агенции кои го покриваат тој пи-ар,   во пракса не сработуваме ништо. Дипломатски извори во месец октомври веќе на големо зборуваа дека на Владата и е понудено да нарача вакцини од една од производителите, но Владата воопшто не одговарала на телефон.

На два пати Словенија излегува во пресрет, по првиот пат по повикот на претседателот Мицкоски за помош во медицински персонал, освен што донесоа материјали , еден авион помош во екот на кризата понудија и медицинска помош. Требаше министерот да се слушне и да ја преговори таа помош, но ништо не се случи.

Истото се случува и сега после посетата на претседателот на Мицкоски, повторно имаше повик јавете им се на луѓето можеби можат да ни помогнат, расположени се да се дискутира, но нема ништо од страна на власта, истакна Андоновски во своето гостување.

Понатаму Андоновски во своето гостување посочи дека поради екипата на Заев и Филипче над 3.000 граѓани ги изгубија своите животи и тоа претставува многу жалосна слика и покажува колку тие сработиле.

-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не ја претставуваат државаа во моментот формално  и затоа не можат да договарат ништо на ниво на држава, тоа го има власта на Заев и екипата на Венко Филипче и една цела компанија.

Убедено сме најлоши во вакцинирање. Жал ми е што не се забележи моментот што над 3.000 луѓе го изгубија својот живот, тоа се 3.000 семејства кои што имаат еден човек помалку и тоа е една жална слика затоа што немате сработување.  Проблемот на крај е дали оваа власт не сака, не знае, е неспособна или е стратегија да не држи во еден клинч да кризираме за да таа полесно да владее, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk