logo
logo
logo

Андоновски: Имаме Влада која воопшто не си ја врши својата домашна работа

Vecer | 18.02.2021

Андоновски: Имаме Влада која воопшто не си ја врши својата домашна работа

Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „24 Анализа“   зборуваше за посетата на известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Ќучук и посочи дека оваа посета на некој начин не значи ништо затоа што имаме влада која воопшто не си ја работи домашната задача затоа што не треба да очекуваме некој однадвор да ни ја заврши работа за да влеземе во ЕУ.

-Посетата на Ќучук вчера е позитив на европскиот парламент. Но што значи тоа за нас. За жал тоа не значи ништо кога имате влада која не си ја работи домашната задача и тука имаме две слики на огледалото.

Една страна на огледалото е Бугарија која ги збива своите редови, носи декларација во Бугарското Собрание едногласно, сега е подготвена Бела Книга за бугарските ставови кон Македонија во која македонскиот јазик се нарекува скопска норма, но тоа не е изолиран акт на некој си акт внатре туку е поддржана од рецензенти од Бугарската Академија на науките.

И тука гледаме едно збивање и категорично поставување на работите. Од друга страна, другата страна на сликата е едностран егзибиционизам, влегува премиерот сам во преговори, чудни интервјуа па се повлекува, па претседателот Пендаровски станува неук, невешт, неискусен политичар и после се реторира  од  тој став и не ги слуша ставовите на ниту една од засегнатите страни во државата.

Немам бела книга поддржана од МАНУ,немаме Национална стратегија на државата, Македонија да после сите заедно да застанеме, туку влетува во еден егзибиционизам па што  се случи нека се случи. На крајот од тој егзибиционизам имаме едно чудно очекување дека  некој однадвор ќе ни ја заврши домашната работа.

Би бил одлучувачки надворешниот притисок ако во Европа не се случуваше еден процес, а тоа е замор од проширувањето, но вие правите буст на тој замор по дома. Зошто? Имате корупција на највисоко ниво која не се случува во европските држави, соработувате со антизападни ликови, имате тотална неодговорност на ниту еден владин функционер за тоа што го правите,пример Ден Дончев, Лидија Димова и ред други, рече Андонов во своето гостување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk