logo
logo
logo

Андоновска го демантира Каракачанов: Имам едно и единствено државјанство и пасош-МАКЕДОНСКИ!

Vecer | 11.03.2021

Андоновска го демантира Каракачанов: Имам едно и единствено државјанство и пасош-МАКЕДОНСКИ!

Најостро ги демантирам пишувањата на Красимир Каракачанов на неговиот ФБ профил, поврзани со мојата етничка припадност.

Каракачанов лаже!

Јас Марија Андоновска , Македонка од Република Македонија, родена сум и живеам во патриотска населба која го носи името на големиот Македонски револуционер Ѓорче Петров.

Имам едно и единствено државјанство и пасош-Македонски!

Измислиците на Каракачанов нема да ме одвратат од борбата за Македонија и воедно секогаш ќе продолжам жестоко да се спротиставувам кога овој политичар ќе се обиде да го негира Македонскиот идентитет, јазик и историја!

Не ме чуди што токму во овој период кога неговиот пријател Заев се дави во скандали Каракачанов го спасува, обидувајќи се да дефокусира од темите кој значат живот и опстанок на Македонските граѓани.

Дефокус баш сега!?

Не поминува провидно е!

Власта наместо да ги ангажира своите “сламки” за спас, да понесе одговорност за тоа што го загрози животот и здравјето на граѓаните и што многумина ги изгубија своите најмили токму поради негрижата на Заев и Филипче и нивниот обид да профирираат од вакцини кој го гледаме во документираниот скандал деновиве обелоденет во италијанскиот весник!

Најостро ги демантирам пишувањата на Красимир Каракачанов на неговиот ФБ профил, поврзани со мојата етничка припадност....

Posted by Andonovska Marija on Thursday, March 11, 2021

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk